Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево со температура до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер претежно со западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 25 до 32 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До среда ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури. Во четврток во попладневните часови, во текот на ноќта и во петок ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе се поинтензивни и локално со појава на грмежи. Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе се прошири насекаде и ќе предизвика значително опаѓање на температурата, најизразено во петок.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски учествуваше во хуманитарната акција на СДММ Куманово

ДЕСК

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК