Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Околу 600.000 луѓе од екс Ју купуваат тутун на „црниот пазар“, според Загрепскиот економски институт

Околу 600.000 луѓе од поранешна Југославија купуваат производи од тутун на „црниот пазар“, што нанесува штета на даночните приходи од околу 306,7 милиони евра, според студијата на Загрепскиот економски институт.

Шверцерите и нелегалните дилери на тутун остваруваат профит од околу 200 милиони евра годишно во Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Косово, Црна Гора и Северна Македонија, според истражувањето спроведено од Институтот преку анкета на 21.000 луѓе.

Повеќето пушачи кои се снабдуваат на „црниот пазар“ се од Босна и Херцеговина (254.890), а потоа следат Србија (138.361) и Хрватска (87.703).

„Во текот на изминатите десет години, даночните загуби се најголеми во БиХ и Црна Гора. Секој втор пушач вели дека купува на ‘црниот пазар’ заради пониските цени. Две третини од анкетираните изјавиле дека ќе престанат со недозволена набавка на цигари во ситуација на пораст на животниот стандард“, се наведува во студијата.

Поради сивиот пазар на производи од тутун, БиХ претрпеле даночна загуба во висина од девет проценти од БДП во последните 10 години, Црна Гора од шест проценти и Србија и Хрватска со два проценти од БДП.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК