Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Санчез – Заев: Шпанија може да стигне со ратификацијата за НАТО до самитот во декември

Шпанскиот парламент, сепак, би можел до крајот на ноември да ја заврши процедурата за ратификација на пристапниот протокол за НАТО за Северна Македонија, му рекол шпанскиот премиер Педро Санчез на премиерот Зоран Заев на вчерашната средба во Њујорк., брифираат од кабинетот на премиерот за 360степени.мк.

Санчез не успеа да формира влада поради што земјата ќе оди на нови избори на 10 ноември што, пак, се чинеше го прави невозможно ратификувањето на протоколот пред Самитот на НАТО во Лондон закажан за 3 и 4 декември годинава.

Ако се оствари сценариото што Санчез вчера му го кажал на Заев и ако во меѓувреме заврши ратификацијата на пристапниот протокол во сите други земји, Северна Македонија би можела на Самитот во Лондон и официјално да биде промовирана во 30-та членка на Алијансата.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК