Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови рочишта за „Титаник“ и „Маџар телеком“

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Титаник“ и „Маџар телеком“ на СЈО, кои ги презеде Јавното обвинителство.Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Лиле Стефанова и понатаму да ги води предметите за кои беше надлежна во СЈО – „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар телеком“.

Случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка.Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот „Маџар телеком” се води против поранешниот генерален и поранешниот финансиски директор на Македонски телеком, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми.Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството.

Покрај Сендреи и Плат, обвинети се и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Се сомничат дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин ги оштетиле Македонски телеком и државниот буџет.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година

C +

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи

C +

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

C +