17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот на Европскиот Комитет на регионите, Карл- Хајнц Ламбертс, во Скопје

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе биде домаќин на претседателот на Европскиот Комитет на регионите, Карл- Хајнц Ламбертс, кој од денес е во работна посета на Република Северна Македонија.

Во рамките на посетата, Османи и Ламбертс ќе одржат средба на која ќе се разговара за можностите за унапредување на соработката која се одвива преку Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Северна Македонија и Комитетот на региони на Европската унија, како дел од напорите на земјата за усогласување со европските правила, стандарди и вредности на сите нивоа. Покрај актуелностите поврзани со европските интеграции, ќе бидат отворени и темите за развојот на локаните власти, децентрализацијата, соработка помеѓу централната власт и локалната самоуправа, како и размена на добри практики меѓу европските региони и градовите.

Во рамки на посетата, Ламбертс ќе се сретне и со претседателот на државата, Стево Пендаровски и претседателот на Парламентот, Талат Џафери, а ќе оствари одделни средби и со министрите за надворешни работи и локална самоуправа, Никола Димитров и Горан Милевски.

Во агендата на Ламбрет предвидена е и заедничката средба со Петре Шилегов, претседател на Заедницата на единиците на локални самоуправи на Република Северна Македонија и градоначалник на Град Скопје и Благој Бочварски ко- претседавач на Делегацијата на Република Северна Македонија во работата на Заедничкиот консултативен комитет.