Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното уредување на собите во „В“ и „Г“ блоковите во студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Овие блокови беа комплетно реновирани и опремени со нови тоалети и мини кујна. Внатрешното уредување на овие простории се однесува на изработка на мебел во брачните, двокреветните и апсолвентските соби, вклучувајќи ги и влезните хола во двата блока во студентскиот дом.

„Проектот е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука, а комплетно ќе бидат уредени два влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски соби“, велат од Државниот студентски центар.

Државниот студентски центар неодамна ја промовира новата веб-страница. Сите студенти кои имаат проблем или идеа за подобрување на животот во студентските домови може да ја пријават преку алатката „МОЈ ДОМ“.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК