Интегрален текст од денешната прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка:
Граѓаните мораат јасно да разберат зошто Европската Унија бара реформи пред да нè прими во своето членство.
Европа не може и не сака да прими организирана криминална група во својот систем.
Реформите не се технички услов, тие се брана против влез на криминал, корупција, партизација на институциите, контрола на медиуми и заробена држава во демократскиот систем во кој владее правило на правото, слобода на говорот и слобода на медиумите.
А токму тоа што Мицкоски и ВМРО-ОКГ прават е спротивно на сè што Европа бара:
• Ја партизира целосно судската власт и обвинителството – поставува свои луѓе на клучни позиции за да ги заштити себе и своите.
• Медиумите ги контролираат преку Орбановата мрежа во 40% од медиумскиот простор, а на останатите врши притисок преку финансирање од буџетот.
• Во Собранието воведува декрети за забрана на говор – класичен метод на контрола по примерот на најмрачните авторитарни режими.
• Со 161 тендер за една фирма, 52 за друга, тендер во „Пошта“ за ЗНАМ и со десетици други сомнителни набавки, продолжува системската кражба на државни пари.
• Преку границата се пренесуваат 5 тони дрога за сестринската партија СНС, а Мицкоски и неговата влада молчат.
Ова не е демократија. Ова е организирана криминална група која ја зароби државата.
Затоа Европа бара реформи. Затоа бара независно судство, слободни медиуми, контрола на трошењето пари и владеење на правото.
Македонија под Мицкоски не може да стане членка на Европската Унија.
Може само да остане слепо црево на Балканот – изолирана, заробена и во служба на една криминална група.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!


