Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Од четврток промена на времето – нови најави на метеоролозите

Поради високите температури утре вдолж Повардарието, а во среда само во југоисточните делови ќе биде активиран жолт метеоаларм.

Утре ќе се задржи сончево и многу топло време за овој период од годината. Во среда попладне ќе дува засилен северен ветер кој во северните делови ќе предизвика опаѓање на температурата. Во четврток ќе настапи значителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за околу 8 степени. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и во петок.

Прогноза за 18.09.2019
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 27°С до 35°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува умерен а во северните делови засилен северен ветер.

Прогноза за 19.09.2019
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 20°C до 28°C
Променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд.

Прогноза за 20.09.2019
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 18°C до 25°C
Сончево и свежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +