19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Продолжува трендот на намалување на вкупните лични службени трошоци на членовите на Владата

Според податоците што произлегуваат од мониторингот со помош алатката за отчетност и транспарентност, Владата на Република Северна Македонија во четвртиот циклус од своето владеење, односно во периодот од декември 2018 до мај 2019 година, ги намалила вкупните трошоци за 26%, во споредба со првиот мониториран циклус кој го опфати перидот од јуни до крајот на ноември 2017 година.

Падот на вкпуните лични службени трошоци на носителите на јавни функции во Република Северна Македонија, опфатени со овој мониторинг, бележи континуитет, ако се земе предвид и податокот за вкупните трошоци за претходно мониторираниот периодот од јуни до ноември во 2018 година, кога тие изнесуваа 18,259,116 денари.

Овој извештај го опфаќа периодот 4 и се однесува за личните службени трошоци на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, замениците на претседателот, министрите, замениците-министри, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата, за периодот декември 2018 – мај 2019, бележи вкупно трошоци во овој мониториран циклус во висина од 16.184.264 денари, за разлика од првиот мониториран циклус, веднаш по стапувањето на должност на актуелната влада, кога се забележани трошоци во висина од 21.876.430 денар.

Спонзорирано: