Истражувањата покажале дека сексот во просек трае помеѓу 5,5 и 7,5 минути, не вклучувајќи ја предиграта.
Познато е дека предиграта е важен дел од сексот и од неа зависат постигнувањето оргазам и нивото на уживање.
Истражувањето, чиј резултати се објавени во магазинот „Journal of Sex Research“, открива дека жените сакаат предигра која ќе трае 11 до 13 минути и потоа 14 до 16 минути сексуален однос од моментот на пенетрација.
„Секогаш ги поттикнувам паровите да уживаат во што подолга предигра пред самиот чин секс. Што повеќе предигра, нивото на возбуда ќе биде поголемо и полесно ќе постигнете оргазам“, советува Иан Кернер, сексуален и брачен терапевт.