Од ЕВН Македонија информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Илинден, Аеродром, Сопиште, Карпош, Центар и Кисела Вода.
Во периодот од 8 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од улиците со броевите: 406, 415, 500, Т-мобаил Марино (општина Илинден), од 8:30 до 14 часот, корисниците од улицата Гаврил Константиновиќ (општина Аеродром), од 8:30 до 17 часот, корисниците од селата: Јаболци, Осинчани, Елово, Малчишта, Патишка Река, Црн Брв, Дражилово, Нова Брезница, како и ХПП ПЦЦ Хидро, Сателитскиот центар, Ловиштето „Јасен“, каменоломот „Рудокоп“ и останатите стопански и нестопански објекти во тој реон (општина Сопиште) и од 8:05 до 15:30 часот, корисниците од улиците: 19, 38, 9, 8, 7, 15, 13, 14, ТИРЗ-Пумпа „Илинден“, ЗИК- Пумпа Илинден и објектите од непосредна околина (општина Илинден).
Во период од 8:30 до 12 часот струја ќе немаат и корисниците од улиците: Миле Поп Јорданов, броевите:25 и 42-а, Јуриј Гагарин броевите:29 и 35и хотелот „Гранит“ (општина Карпош), од 9 до 14 часот, корисниците од улицата Питу Гули (општина Центар), од 9 до 13 часот, корисниците од улицата Михајло Апостолски (поранешна Каирска) од бројот 2 до бројот 16 и објектите во непосредна близина (општина Карпош), од 9 до 13 часот, корисниците од улицата Скупи и подулиците: со бројот 12 и 20 и објектите во непосредна близина (општина Карпош) и во периодот од 9 до 12 часот, корисниците во кругот на поранешна „Стаклара“ и објектите во непосредна близина (општина Кисела Вода).