22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дете донело граната во шведска градинка

Припадници на шведските специјални сили затвориле предучилишна установа во Кристијанштад, на југот од Шведска, откако едно дете донело граната на час.

Полицијата била повикана кога персоналот во градинката открил сомнителен предмет откако децата си отишле дома, а на местото на настанот било утврдено дека се работи за граната поради што била повикана специјална екипа за деминирање, јавува Си-ен-ен.

Портпаролот на полицијата изјави дека предметот наликувал на пушка, но бил заоблен, како и дека бил расклопен од стручен тим во контролирано опкружување во градинката, бидејќи било проценето дека е премногу опасен за пренесување.

Експлозивната направа детето ја пронашло на полигон што војската го користела за обука.

„Војската користи големи отворени простори за вежбање, но неколку пати годишно тие се отворени за јавност, кога нема пукање. Обично луѓето се предупредуваат да не допираат ниту еден предмет“, објаснил портпаролот.

Досега не е утврдено кое дете го донело предметот во градинката, а портпаролот додавва дека случајот е предизвикан од дете помало од седум години и дека истиот е затворен.

Сепак, еден полициски службеник, Томас Содерберг, вели дека тоа може да се промени бидејќи станува збор за многу опасна ситуација.

„Ако направата експлодирала додека децата си играле, настанот можеше да заврши катастрофално“, рекол тој за Си-ен-ен.