5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да не прави гол популизам од проектот за изградба на подземен тунел под Кале

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје апелира градоначалникот Петре Шилегов да не прави, како што велат, гол популизам од проектот за изградба на вијадукт на Вардар и подземен тунел под Скопското кале и да ги слушне барањата на скопјани.

„Проектот кој е далеку од почетна градежна реализација треба да биде со одобрение на граѓаните и точна анализа дали истиот ќе ја наруши животната средина и ќе задира во историскиот заштитен локалитет Скопско кале. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје не е против изградба на овој капитален проект, кој како идеја постои повеќе децении, но единствено истиот да се реализира преку консултација на стручната и експертска јавност и јавна расправа на која ќе учествуваат жителите чии живеалишта се наоѓаат во непосредна близина на овој проект“, велат советниците.

Тие велат дека ги поддржуваат барањата на граѓанските здруженија за одржување јавна расправа на која ќе се чуе експертско мислење и ќе се изработат анализи за повеќе аспекти: дали ваквиот проект ќе создаде загрозување на животната средина, дали со тоа ќе се зголеми фреквенцијата на возила и ќе го наруши квалитетот на живот на граѓаните чии живеалишта се во самата близина и како овој проект од бетон ќе влијае на загадувањето, дали ова ќе биде бетонска џунгла или квалитетно сообраќајно решение, дали поборникот Шилегов за зелено Скопје се претвора во создател на бетонска џунгла, и колку зелени површини со вијадуктот ќе бидат уништени, дали ќе има загрозување на историскиот локалитет Скопско кале и дали зад ваквиот проект се крие можеби нечиј бизнис-интерес?

Спонзорирано: