Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СЈО: Неизвесна е иднината на вработените, архивата и материјалите

Од специјалното јавно обвинителство (СЈО) информираат дека сè уште немаат добиено писмен допис од страна на Јавното обвинителство врз основа на кое би можеле да објаснат дали и како ќе се постапува со предметите на СЈО.

„Сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата загриженост поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Јанева, ниту, пак, е донесено ново законско решение со коешто ќе се регулира статусот на ова Јавно обвинителство“, се наведува во соопштението на СЈО во кое се додава дека мандатот на ова обвинителство е до 15 септември 2020 година, до кога ќе продолжат работниот однос на вработените и тековните обврски.

Од таму сметаат дека на вработените во институцијата им се закануваат проблеми во однос на работниот однос, а постои и опасност во однос на материјалите со кои располага обвинителство.

„Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага обвинителството“, се посочува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК