Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СО ЗАКАНИ МУ БАРАЛЕ ПАРИ, ПА ГО НАПАДНАЛЕ ПОРАДИ ТРОТИНЕТ – Мајка пријавила насилство врз синот во Тетово

Во СВР Тетово на 25 ноември 2026 година во 14:30 часот, 43-годишна жена од Тетово пријавила дека подолг временски период две малолетни лица со закани барале пари од нејзиниот малолетен син.

Според пријавеното, на 24 ноември на Градскиот плоштад во Тетово, откако момчето одбило да им го даде својот електричен тротинет, едно од двете малолетни лица физички го нападнало.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Во доставениот полициски извештај не е наведено дали на малолетникот му бил одземен некаков предмет, ниту дали се здобил со повреди.

Можеби ќе ве интересира

СОПРУГАТА ГО НАПАДНАЛА ВО СЕМЕЈНИОТ ДОМ – 33-годишен охриѓанец побарал полициска интервенција

ДЕСК

МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНА НА ПАТОТ ВЕВЧАНИ–ОКТИСИ – Кривична пријава против 23-годишник

ДЕСК

НАСТАВНИК ПРИЈАВЕН ЗА ФИЗИЧКИ НАПАД ВРЗ УЧЕНИК – Полицијата истражува случај во дебарско

ДЕСК