Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. На места и особено на северот и истокот процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
Од претпладне со зголемена облачност и со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне облачно со поинтензивни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Во недела и понеделник нестабилноста ќе се намали, а во планинските региони ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Прогноза за 08.09.2019
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 25°С до 32°C
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=6
Прогноза за 09.09.2019
Минимална температура: 7°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Сончево со умерена облачност. Попладне со локален дожд и ретки грмежи. УВ=7
Прогноза за 10.09.2019
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 32°C
Сончево со умерена облачност. Попладне со локален дожд и ретки грмежи.