Секогаш во средиштето на збиднувањата...

ПОЦ почнува ноќна акција за отстранување непрописно паркирани возила

Во текот на вчерашната вечер, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, во соработка со СВР Скопје, почна ноќна акција за отстранување непрописно паркирани возила на најфреквентни локации во Капиштец и Дебар Маало.

Со помош на специјалните возила „пајак“, најголем број непрописно паркирани возила се санкционирани во близина на ноќните локали и кафеани, каде што има најголем број непрописно паркирани возила што го предизвикуваат нередот во доцните часови.

„Оваа мерка континуирано ќе се спроведува со цел да се доведат во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици“, соопштија од Општина Центар.

Во тренд