Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 40 мотоциклисти за една ноќ во Скопје

Од вчера во 19.30 до 1 часот на 6 септември полицијата казни 40 мотоциклисти и задржа 13 мотори.

„При контролата откриени се 40 возачи на мотоцикли, кои сториле прекршоци, за што им се издадени исто толку прекршочни платни налози. Покрај тоа, поради основи на сомнение за техничка неисправност, односно создавање бучава, одземени и задржани се 13 мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност“, велат од МВР.

Исто така, откриени се и 43 други прекршоци за што се издадени 19 мандатни платни налози и 24 прекшочни платни налози.

Во периодот од 1 јануари до 31 август годинава на територијата на Скопје санкционирани се 1.111 мотоциклисти.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжи со зајакнати акциски контроли со цел санкционирање на прекршителите на законите.

Можеби ќе ве интересира

Убиство ја потресе Македонија: Пронајдено безживотно тело на маж со прострелна рана од огнено оружје

ДЕСК

ЛИЦА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО КАРПОШ ПРИ КОНТРОЛА НА НОЌНИ КЛУБОВИ: Жестока реакција на Независниот синдикат на полицијата

ДЕСК

Полицијата упадна во повеќе кафичи и казина во Карпош – Има приведени и уапсени

ДЕСК