10. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Дистрикт бар и ресторан ќе донира по едно евро од секој оброк за децата од СОС Детско село

Дистрикт бар и ресторан, во склоп на Скопје Мериот хотел ја започна својата глобална иницијатива “You Eat, We Give” преку која од секое нарачано главно јадење ќе одвојува по 1 евро наменети за донаторски цели. Акцијата ќе се спроведува во текот на месеците септември и октомври, а собраните средства ќе бидат донирани во СОС Детско село.

„You Eat, We Give е глобална кампања на Мериот хотелите, во соработка со СОС Детското село, преку која што секоја година донираме средства за поддршка на младите да ја започнат својата кариера и да изградат за себе квалитетен живот. По трет пат, оваа година Мериот, односно Дистрикт бар и ресторан, ќе донира 1 евро од секое нарачано главно јадење. Кампањата почна на 1ви септември и ќе трае до крајот на месец октомври. Ова е дел од програмата на Мериот за помагање на општеството и заедницата, и искрено се надеваме дека оваа година ќе биде уште поуспешна од минатата“, велaт од Мериот.

Корпоративната одговорност и грижата за заедницата, Мериот ја дополнува и со добротворни алки од лимитирано издание кои чинат 5 евра, од кои 4 евра се издвојуваат и ќе бидат наменети за истата цел и донирани во СОС Детското село.