Centar.mk
ЛОКАЛНО

Заврши реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин во Центар

Со ноќно бележење на сообраќајната сигнализација целосно заврши реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин во општина Центар, кај Олимпискиот базен, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје.

„Булеварот Кочо Рацин за 40 дена е целосно и темелно реконструиран во должина од 880 метри во двете насоки, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј“, соопштија од Град Скопје.

Од таму велат дека продолжуваат со интензивните градежни активности за реконструкција на градските улици и булевари во рекордно кратки рокови, а граѓаните добиваат квалитетни и безбедни сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира

Широк Сокак добива семафор: Мал сообраќаен потег, голема промена за центарот на Битола

ДЕСК

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК