Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

„Јаху“ имаше дефект повеќе од пет часа

„Јаху“ претрпе голем дефект утрово спречувајќи ги корисниците да пристапат на веб-страницата или неговата популарна услуга „Јаху имејл“ повеќе од пет часа.

Проблемите почнале околу 7.30 часот утрово со илјадници корисници кои не можеле да пристапат до тој прелистувач или неговата е-пошта.

„Јаху“ го потврди дефектот наведувајќи дека работи на санирање на проблемите, кои подоцна беа решени, пренесува британски „Eкспрес“.

Компанијата претходно напиша на својата страница за поддршка на „Твитер“: „Можеби нема да можете да пристапите до некои наши услуги, вклучувајќи ја и е-поштата. Наш главен приоритет во моментот е решавање на овој проблем. Ви благодариме за трпението“.

Можеби ќе ве интересира

НАЈАВЕН ГОЛЕМ АИ-ПРОЕКТ ВО БРИТАНИЈА – Дракс планира центар за податоци со партнери

ДЕСК

Повеќе од цена: Како домашните апарати на Samsung внесуваат вредност во секојдневниот живот

ДЕСК

БРИТАНИЈА СО НОВО КИБЕРПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – АИ може да ги засили нападите врз критичната инфраструктура

ДЕСК