13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Запалена депонија во Сарај, нема казни зашто инспекторите не затекле сторител

Граѓани од населбите Влае, Нерези, Тафталиџе и од Карпош 4, вчеравечер, се пожалиле на ширење чад и непријатна миризба кај надлежните во Општина Карпош. Инспекторите утврдиле дека непријатниот мирис доаѓа од запалена мини депонија во Свиларе, општина Сарај.

Од Општина Карпош информираат дека за ова палење на депонијата не е изречена казна бидејќи инспекторите не затекле сторител на локацијата каде што бил пожарот, кој бил изгаснат околу 20.20 часот.

Од Општина Карпош пред три дена најавија дека ќе има засилени контроли бидејќи граѓани реагираа за чад и миризба во населените места Нерези, Тафталиџе 2, Влае и Карпош 4.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, во вторникот рече дека се засилени инспекциските контроли и потенцира дека заштитата на животната средина и околината и во иднина ќе биде еден од главните приоритети на локалната самоуправа во текот на целата година, а не само во критичните зимски месеци кога загадувањето е најголемо на територијата на град Скопје и во целата земја.

Општинските власти потсетуваат дека дежурниот број на кој може да се јавуваат граѓани и да пријавуваат локации од каде што доаѓа непријатна миризба и чад од запалено е 078/257 640.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Паника поради падот од 130.000 гласа

ДЕСК

Судот оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

ДЕСК

Повеќемина повредени во тешка сообраќајка кај Меџитлија, откако форд излетал од патот

ДЕСК