Centar.mk
КУЛТУРА

Почна меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“

Со детската претстава „Волшебната флејта“ во изведба на Театарот за деца и младинци од Скопје, вчера во спортскиот центар „Ново Лисиче“ свечено беше отворен шестиот меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој стана заштитен знак на летата во Аеродром.

На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, директорот на „Театар комедија“, Сашо Ристовски, и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска.

„Ова е уникатна можност за љубителите на театарот да проследат квалитетни претстави од македонската и меѓународната сцена“, изјави Цветковска најавувајќи дека Општината и натаму ќе го поддржува фестивалот.

Вечерва „Гола месечина“ продолжува со урнебесната комедија „Кнегињата од Фоли Бержера“ од славниот Жорж Фејдо во изведба на театарот Народно позориште од Ниш, кој со духовитата приказна полна со неверојатни пресврти и неочекувани заплети ја привлекува публиката.

Претставите почнуваат секој ден од 20 часот, а влезот е бесплатен.

Можеби ќе ве интересира

Александар Видиновски: „На местото на настанот“ потсетува дека најтешките битки не се водат на фронтовите, туку во време на мир

ДЕСК

Промоција на книгата „На местото на настанот“ од новинарот Александар Видиновски вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

ДЕСК

Објавена е книгата „Кодификаторите на македонскиот јазик“ од Димитар Пандев

ДЕСК