Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНО

Во четврток и петок ќе се прска против комарци

Градот Скопје информира дека во четврток и петок во раните утрински часови ќе се изврши петтата фаза од авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на подрачјето на градот Скопје.

Петтата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје ќе почне на 10.09.2019 година и ќе заврши најдоцна до 14.09.2019 година (од вторник до сабота), во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можеби ќе ве интересира

Широк Сокак добива семафор: Мал сообраќаен потег, голема промена за центарот на Битола

ДЕСК

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК