Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Девојка приведена во Скопје – Полицијата уапси две лица

Две лица утринава се приведени во Скопје откако кај нив била најдена дрога.

Во 02.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „Методија Андонов Ченто“ ја привеле 39-годишната А.К. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена бела прашкаста материја и грутчеста бела материја.

Потоа, во 02.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „Николај Островски“ го привеле 27-годишниот К.П. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК