Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

За прв пат по 14 години: Најавен штрајк во училиштата

Не успеаа преговорите на СОНК со Министерството за Образование, околу покачување на платата на просветните работници за 25 отсто.

Од СОНК најавија дека утре ќе биде оддржан предупредувачки штрајк.

Од синдикатот информираат дека наставниците и професорите во основните и средните училишта утре ќе се појават на работа, но нема да оддржуваат настава.

Синдикатот ги повика да се приклучат кон штрајкот и оние кои не се членови на синдикатот.

Од СОНК изразија незадоволство од покачувањето од 5 проценти на нивните плати и бараат да добијат повисоки плати за 25 отсто.

Штрајк за прв пат по 14 години

Од 2006-та наваму неколку пати имало обиди за штрајк, но сите пропаднале поради притисоците од тогашната власт.

Платите беа замрзнати речиси 12 години, а за прв пат наставниците зголемување добија лани во време на владата на Зоран Заев, а втор пат ќе добијат оваа година и тоа повторно од пет отсто.

Од министерството за образование испратија повик до директорите и наставниците во училиштата да ја почнат школската година утре.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК