Centar.mk
ЛОКАЛНО

​Трета акција за дезинсекција во Драчево, граѓаните да ги затворат прозорците и вратите

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците.

Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се надоврзува на досегашните активности кои започнаа кон крајот на минатиот месец со првото прскање, кое исто така беше насочено кон возрасните инсекти. Континуитетот продолжи пред два дена со втората акција, кога екипите на терен вршеа уништување на ларвите со соодветен ларвицид во каналите и влажните места.

Општина Кисела Вода уште еднаш ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради вечерашните активности. Истовремено, за акцијата да се реализира безбедно и ефикасно, се апелира до граѓаните во наведениот временски период, доколку се во можност, да ги држат затворени прозорците и вратите од своите домови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА СЕ МЕНУВА СООБРАЌАЈОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Ноќна трка на пет и 21 километар

ДЕСК

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – Изменето движењето кон гробиштата поради Задушница

ДЕСК

Левица: Во очи на „Скопје европска престолнина на културата“ – ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ

ДЕСК