Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМОЗАИК

Ги спуштаме ролетните кога грее сонце – Тоа е голема грешка

Сонцето е многу корисно, не само заради Витаминот Д, туку и убива бактерии во просторијата, според истражувањето на Универзитетот во Орегон, спроведено од тим предводен од д-р Ашан Фахимипур.

Истражувачите ги изложиле бактериите во три одделни простории.

Едната просторија беше во темница, другата беше изложена на сончева светлина, а третата на ултравиолетовите зраци. По 90 дена, истражувачите ги собрале и ги проучувале резултатите од секоја просторија. Тоа покажа дека постои поврзаност помеѓу изложеноста на светлина и бројот на бактерии во прав.

Темната просторија се покажа како посоодветна за живеење и одгледување бактерии, со просек од 12 проценти повеќе. Во просториите изложени на дневна светлина и УВ светлина, само 6,8 и 6,1 отсто од бактериите биле одржливи, соодветно. Покрај тоа, бактериите од темната просторија биле повеќе поврзани со бактериите од другите две простории.

Значи, излегува дека витаминот Д не е единствената придобивка што ја добиваме од сончевата светлина. Исто така, може да ни помогне да ги спречиме респираторните заболувања.

Затоа, ако ги спуштате ролетните во својот дом за да не ве грее сонцето, веднаш престанете да го правите тоа.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК