Може ли 24-годишниците да се квалификуваат како тинејџери?
Како што пренесува лондонски „Гардијан“, може, а тоа го потврдуваат австралиските научници кои неделава објавија студија базирана на резултати од истражување во Кралската детска болница во Лондон.
Врз основа на добиените резултати, тие го продолжуваат традиционално прифатениот период на адолесценција, кој е дефиниран од 10 до 19 години, до 24 години. Младите до 24 години во иднина ќе се сметаат за тинејџери, иако во англиските броеви кои ја означуваат нивната возраст ја нема основата „teen“.
Идејата за продолжување на адолесценцијата не е новост во науката, а минатата година научното списание „Child Development“ објави дека модерните тинејџери се многу помалку вклучени во работи и активности за кои би можело да се каже дека ги дефинираат како зрели личности.
Ваквото тврдење произлегува од споредба со генерациите кои растеле пред дваесетина години.