Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев ќе сведочи за Монструм – Ќе одекнуваат „бомбите” за Смиљковско

Со слушање на разговори доставени од СДСМ во СЈО кои се дел од „бомбите”, а предложени од Обвинителството како дополнителни докази, на 5 септември ќе продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“.

Судијата Огнен Ставрев на странките им предложи доколку сакаат неколку дена пред судењето да ги разгледаат транскриптите за да се подготвата за судењето.

Откако судијата најави дека од наредното рочиште ќе почне со презентирање на „бомбите“, еден од родителите на убиените момчиња побара појаснување дали сега ќе ги слушнат разговорите на „заштитените мечки“. Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО истакна дека во судница ќе биде повикан премиерот Заев, пренесе Фокус.

Кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК