10. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Рахиќ: Тешко е да се најде цимерка во затворот за Катица Јанева

Специјалната обвинителка Катица Јанева не е сместена во женското притворското одделение. Ова за Радио Слободна Европа го вели директорот на истражниот затвор Скопје, Есад Рахиќ.

– Јанева не е во женското одделение, таа е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа. Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станува збор за личност која била специјален обвинител, од посебен општествен интерес, и бидејќи тоа е така брзо направено, ние сметавме дека во еден временски период ние треба да направиме комплетна проценка од безбедносен и здравствен аспект, вели Рахиќ.

Во притворот каде е Јанева во моментов има 18. жени.

– Тоа се поголеми одаи да не речам ќелии во кои има по 4, 5 до 6 жени. Знаете, малку е незгодно, има различни профили на жени, имате женски лица осудени за убиства, имате за изнуда, знаете малку е тешко да вклопите еден таков профил како Јанева меѓу тие лица. Но ние си ја вршиме нашата работа, таа е сместена на најдобар начин на кој ние можеме да сториме,“ вели Рахиќ.

На специјалната обвинителка и беше одреден 30. дневен притвор за Рекет.