Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Рахиќ: Тепачката со Јанакиески и Ристовски беше местенка да излезат од притвор

Тепачката со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски беше местенка да излезат од затвор. Ова за Радио Слободна Европа го вели директорот на Истражниот затвор Скопје во Шутка, Есад Рахиќ.

– Господинот Котевски пред мене коректно си ја вршел работата. Мислам дека тоа е сплет на несреќни околности, да не кажам една класична местенка изрежирана да се случи тоа за дел од тие што учествуваа во тепачката да излезат надвор, вели директорот на Шутка.

За потсетување, настанот се случи во февруари годинава, кога и двајцата потоа беа транспортирани до болница. На двајцата им беше одреден притвор за настаните од Собранието, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги осомничи дека се дел од шестемина што ги организирале насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК