Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пријава за референт од шумско стопанство – извршил погрешна маркација на парцела за сеча на дрва

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.П.(46) од Вевчани поради „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во април и август 2018 година пријавениот, како референт за превоз во Подрачно шумско стопанство Јабланица, изработил две одобренија за сеча во парцела во приватна сопственост, при што не ја утврдил точната локација на парцелата и извршил маркација за сеча на 30 м3 дрва на друга парцела, сопственост на С.Т. од Охрид, за која истиот немал дадено согласност за сечење на дрва. Со ова, пријавениот на С.Т. му нанел штета од 210.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СО ОСТРА ПОРАКА ДО ВРВОТ НА СДСМ: Секој што крена глас беше прогласен за платеник, купен или уценет!

ДЕСК

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

ДЕСК

Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!

ДЕСК