4. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пријава за лихвар од Тетово, му се заканувал на должникот

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишен тетовец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. На 28 мај 24-годишник од Тетово, побарал на заем 200 евра, кои требало да ги врати за седум дена, како и дополнителни 100 евра за услугата. Откако не успеал да ги врати парите во договорениот рок, побарал продолжување на рокот до 04.07.2019 година.

Но и во тој рок не успеал да ги врати парите, по што пријавениот почнал да му праќа пораки со заканувачка содржина.