Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Правната држава функционира, ги поддржуваме истражните органи, истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите

Правда мора да има! Градењето на независен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Правната држава функционира, неселективно за сите. Никој не е над законите и секој ќе одговара за своите постапки, порача Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ попладнево од штабот на владејачката партија и додаде дека целосно даваат поддршка на напорите на истражните органи за целосно расветлување на случајот “Рекет”.

-Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите.

Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран.

Одговороност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или на било каква друга припадност.

Обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока нема да успеат.

Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата.

Нема правда, нема мир, порача Костадин Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК