Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Лажна вест е дека се приведувале политичари и бизнисмени

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција нема барање за приведување или вршење претрес во домови на политичари и други лица, изјави обвинителката Вилма Русковскана прес-конференцијата во ЈОРМ во врска со шпекулациите дека освен специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се приведени и двајца политичари.

– Доколку има тоа е можеби по барање на друго обвинителство, а не на нашето, и не е поврзано со овој случај, наведе Русковска.

И од Министерството за внатрешни работи ни потврдија дека единствен налог за приведување имало за Катица Јанева, но не и за други.

Можеби ќе ве интересира

Беким Сали: Реформите носат конкретни резултати – Северна Македонија останува меѓу лидерите во спроведувањето на Реформската агенда

ДЕСК

Денес завршува учебната 2025/2026 година – Јаневска со порака до учениците

ДЕСК

Дома се штеди, надвор се полнат торби: Што кажува шопингот преку граница за нашите цени?

ДЕСК