Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов не само што не го исплашија, туку почна да разоткрива и нови скандалозни детали за средбата меѓу бизнисменот и опозиционерот на луксузната јахта во Хрватска

Обидот за моја лична дискредитација од страна на Мицкоски е израз на длабока фрустрација, сплет на комплекси, безидејност, идеолошко талкање, порача Костадин Костадинов од СДСМ.

– Ќе повторам, нема да ме спречите, оти чиста ми е совеста.
Нема да дозволам мене или било кој друг граѓанин да биде заплашен од криминална структура, која е сосема свесна за одговорноста која ги чека.

Затоа е стравот и паниката, реагира Костадинов.

– Мицкоски должи одговори не пред мене ами пред граѓаните.

Дали на јахтата на тајкунот било и лицето нему многу добро познато со иницијали Т.Ј. и заедно договарале како да ги проследат разговорите до италијанскиот новинар ?

Дали во фирмите на тајкунот има вработено стотина луѓе а всушност работат низ штаботна ДПМНЕ ?

Дали Мицкоски редовно се среќава со едно женско лице од фирмата на тајкунот за распределбата на парите по кој посегнал ?

Има уште многу прашања на кои ќе мораш да дадеш одговори !

Ти порачувам дека нити ќе ме спречиш, нити ќе ме заплашеш, нити ќе го спасиш криминалот твој и на твојот вистински шеф, побегнатиот криминалец во Будимпешта.

Одговорност ќе има за сите, од прв до последен, рече Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК