9. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

УХМР издаде метео предупредување: Доаѓа невреме

Кон крајот на денешниот ден ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд грмежи и засилен ветер, претежно во северните делови, се вели во издаденото метео предупредување од страна на Управата за хидрометеоролошки работи.

– Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и силен ветер, најавува УХМР.

Во ткеот на утрешниот од УХМР анјавуваат значително посвежо, ветровито и променливо облачно време со засилен северен ветер.

Метеоролозите за утре најавуваат и локални врнежи од дожд и грмежи.

Во петок се уште ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.