Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ што апсеше новинари и затвораше медиуми, денес шири лицемерна грижа за новинарството

Ниту едно лицемерно соопштение од белиот дворец нема да го смени фактот дека 11 години нашата држава беше заробена и се наоѓаше на дното во Европа по медиумски и новинарски слободи, велат од владејачкиот СДСМ како реакција на соопштението со кое од ВМРО-ДПМНЕ повикаа новинарите да не подлегнуваат на притисоците од Заев.

Од СДСМ порачуваат дека ништо не може да го избрише фактот оти, како што велат, 11 години ВМРО-ДПМНЕ апсела, тепала, притворала новинари и затворала медиуми.

„Јавноста, граѓаните и новинарите многу добро знаат кој ја злоупотреби полицијата за упад во приватна телевизија, кој поттикнуваше физички напади на новинари, кој ставаше во затвор новинари, кој поттикуваше да се испраќаат посмртни венци на домашни адреси на новинари“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека денеска медиумите се дел од сите легислативни процеси кои се однесуваат на нив.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК