8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадинов: Заев се соочи со смртта на 27 ми Април, за денес да бидеме слободна држава

Фејсбук статус на Коста Костадинов, портпарол на СДСМ:

Заев се соочи со смртта на 27 ми Април, за денес да бидеме слободна држава.

Заев се соочи со смртта за денес да сме пред отварање на преговори со ЕУ и да станеме членка на НАТО.

Заев се соочи со смртта за денес го реализираме концептот едно општество за сите.

Од друга страна Мицкоски сеуште не се оградува од оние кои пробаа да ги убијат Заев,пратениците, новинарите, до тој степен да истите ги нарекува патриоти.

Мицкоски му смета правната држава, му смета правдата, му сметаат институциите.

Со сите сценарија, со сите лажни вести кои ги пласира Мицкоски треба едно нешто да му биде совршено јасно.

Нема да ти помине! Правда ќе има и секој кој што се огрешил пред законот ќе одговара.