Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трипуновски: Атанасов мора да поднесе оставка зошто две недели криеше за антраксот во Македонија

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, човек кој е пулен на Заев, две недели криеше од македонската јавност дека во земјата има случај на антракс, рече во изјава за медиумите Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Атанасов, кој е и претседател на партиската комисија за земјоделие на СДСМ, годинава го оставил добитокот во 22 дистриктни подрачја во земјава невакциниран од антракс, а, како што рече, поради тоа постои сериозна опасност болеста што се пренесува и на луѓето да се рашири на целата територија на Република Македонија.

„Атанасов со своето неодговорно однесување, го прекршил и законот според кој е должен да ги извести граѓаните кога има случај на антракс во државата. Тој тоа не го сторил и свесно го криел. Зошто, сè уште не одговара“, праша членот на ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски побара оставка од директорот на АХВ, истакнувајќи дека нестручното и неодговорното однесување и управување со институциите покрај економските загуби во сточарството може да предизвика и човечки жртви.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК

Цветановски: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, ова се неговите лаги

ДЕСК