Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кабинетот на Пендаровски: Претседателот не го дискредитираше Јавното обвинителството

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во своето обраќање на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ нема направено дискредитација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ниту, пак, постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек, велат од кабинетот на Пендаровски.

„Потенцираме дека претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори сè за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот ‘Рекет’“, додаваат од Кабинетот.

Оттука уште еднаш укажуваат дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност.

Претходно денеска Јавното обвинителство по повод обраќањето на Пендаровски, укажа дека не е време за напади на институциите и нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите.

Можеби ќе ве интересира

Македонија успешно евакуираше 380 свои и 78 странски државјани, вели Муцунски

C +

Мицкоски порача дека една година по трагедијата во Кочани, институциите се способни да учат од трагедиите

C +

Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?, праша Трендафилов

C +