„La Verita“ е весник чиј прв број излегол на 20 септември 2016 година е ДОО за кое не се знае потеклото на парите за неговото формирање , за околу 2-3 милиони евра и е во уредништво на новинарот Маурицио Белпјетро.
За него, јавно достапните информации покажуваат дека неколкупати е правосилно осудуван за клевета, навреда и лажни информации.
Во која мера и со колкава претпазливост треба да се земат информациите пласирани од уредник кој:
Во 2009 е правосилно осуден за клевета на доктор во случајот на познатиот Италијански активист, уметник и политичар Пјерџорџо Велби.
Истата година е под истрага на Римското Јавно Обвинителство за тешка клевета и навреда на тогашниот Претседател на Италија, Џорџо Наполитано
И истата година заедно со Роберто Сандало (поранешен член на паравоената организација Prima Linea) е осуден за клевета и претставување на лажни и измислени информации како вистински, т.е пренесување на интервју на Сандало во кое клеветат луѓе за напади на верски објекти и убиство.
Следната 2010 година е дефинитивно осуден од Високиот Апелациски суд.
Додека земјава ни ја тресат скандали од извори кои сами по себе се скандалозни, партијата на власт СДСМ упатува на поврзаност на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ со La Verita.
Дали Мицкоски се сретнал со авторот на текстовите се сретнал во Будимпешта и што му дал? Е прашање кое СДСм неколкупати го поставува но Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не демантираат ниту се изјаснуваат за ова.
Јавноста сеуште чека одговори.
Дали ова е обид за уривање на правниот поредок во нашата држава, кога се знае дека следува разрешница за многу случаи за лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, обид, со вакви конструкции, дезинформаци и полувистини?
На кои структури им смета правда и челнство вo ЕУ?