Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Меѓународен сојуз: Парите стигнати на сметките на координаторите се искористени за проекти

Потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, Јасна Ерцеговиќ, со соопштение ги нарече шпекулации пишувањата во медиумите дека средствата кои ги прибрале за хумани цели не ги искористиле за наменета.

„Меѓународниот сојуз стапи во соработка и склучени се договори со две реномирани домашни друштва. На тој начин за првпат во земјава е создадено приватно невладино партнерство. Паричните средства стигнати на сметките на координаторите на проектите се искористени исклучиво за остварување на целите на Меѓународниот сојуз и исполнување на договорите склучени со партнерите“, пишува во соопштението на Ерцеговиќ.

Таа тврди дека хонорарот пристигнат на сметката на Лилјана Тодоровска, еден од координаторите и идеен творец на проект, веќе била цел на истрага од Финансовата полиција и Обвинителството по што се утврдило дека транскацијата е во рамките на позитивните законски прописи и истрагата била сопрена.

Но, Лилјана Тодоровска веќе кажа дека е измамена и ограбена откако на нејзино име во банка легнале 720 илјади евра кои веднаш ѝ ги зеле од Меѓународниот сојуз.

Временското доцнење во остварувањето на целите на МС, според Ерцеговиќ, е исклучиво од објективни причини, а никако по вина на кооординаторите.

„До денеска никој од Меѓународниот сојуз не е повикан од органите на прогонот за никакво незаконско работење“, вели таа.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +