5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Косовскиот амбасадор го посети Морина во притвор: Очекуваме набргу тој да биде ослободен

Косовскиот амбасадор во земјава, Ѓерг Дедај, го посети Томор Морина во притворот во Шуто Оризари. Тој наведе дека очекува Морина набргу да биде ослободен затоа што правдата е на негова страна.

„Им се заблагодаруваме на институциите на Република Северна Македонија, Управата на притворот Шутка во Скопје, за нивниот фер и пријателски третман, што ни ја овозможи нашата посета на поранешниот војник на ОВК, Томор Морина, претходно приведен од македонските власти. Томор беше многу смирен, се чувствуваше целосно невин, достоинствен и оптимист, чекајќи ослободување, бидејќи правдата е на негова страна и очекуваме многу брзо тој да се врати кај семејството во Косово“, напиша Дедај на „Фејсбук“.

Морина беше приведен пред две недели на граничниот премин „Блаце“ по потерница издадена од Интерпол. Тој е поранешен член на Ослободителната војска на Косово (ОВК), а Србија бара тој да биде екстрадиран од Северна Македонија.

Спонзорирано: