19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Зголемен број автобуси на линиите 28 и 69 за Св.Петка и Св.Пантелејмон

Во пресрет на верските празници Св.Петка и Св.Пантелејмон, в четврток, 8 август, и в петок, 9 август, ЈСП Скопје ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 28 (Тафталиџе 2- Нерези/Македонско село) и 69 (Транспортен центар-Дивље), покрај редовните согласно термините од важечкиот летен возен ред.

В четврток на линијата 28 дополнителен автобус од Тафталиџе 2 ќе сообраќа во терминот од 16 часот, а од Македонско село во 19:30 часот.

В петок дополнителен автобус на линија 28 од Тафталиџе 2 ќе има во 7:50 часот, а од Македонско село во 12:30 часот.

На линија 69, в четврток дополнителен термин од Транспортен центар ќе има во 5:45 часот и во 15:30 часот, а од Дивље во 6:50 часот и во 20 часот.

Сите вонредни, дополнителни поаѓања се по барање на црковниот одбор на „Св.Петка“, односно по барање на манастирот „Св.вмч.Пантелејмон“.

Спонзорирано: