4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сугарески се огласи во јавноста: Опозицијата сака да создаде теза дека сме бетер од нив

Фејсбук статус на Горан Сугаревски, Министер за транспорт и врски:

Во врска со меморандумот кој во својство на министер за транспорт и врски сум го потпишал со НВО Меѓународен сојуз, а согласно мојата досегашна пракса да бидам 100% транспарентен, можам да го изјавам следното:

Меморандумот е потпишан во 2017 година. Во мојот досегашен мандат сум потпишал неколку меморандуми и со други организации за соработка со цел унапредување на надлежностите во ресорот со кој раководам. Во таа насока е и споменатиот меморандум во кој не е преземена никаква обврска за министерството за некој конкретен проект, не е утврден било каков рок и најважно од се е дека јасно и недвосмислено е утврдено дека “секоја идна соработка ќе се одвива во рамки на позитивните законски норми”. Текстот на меморандумот кажува “се”.

Студент од I година на Правен факултет со едно читање може да го утврди тоа што го тврдам. Што се однесува пак до мојата евентуална морална и политичка одговорност, верувам дека јавноста ќе се согласи дека тогаш ниту сум можел да знам, ниту сум можел да предвидам дека после 20 месеци од потпишувањето на меморандумот, претседателот на Меѓународниот сојуз, Бојан Јовановски ќе биде осомничен за противправни дејствија.

Што се однесува до можноста мојот потпис да имал влијание врз трети лица, не знам и не можам да знам, бидејќи никој од мене не побарал ниту вебално, ниту со потпис да извршам влијание врз трети лица. Најодговорно тврдам дека меморандумот е единствената и последна соработка остварена со Меѓународниот сојуз. Немам што да кријам, напротив, ги охрабрувам надлежните институции да ги истражат сите околности во врска и со овој меморандум. Не бегам од критика никогаш, јавноста има право да биде наелектризирина и да бара расчистување на сите околности во случајот “рекет”.

Тоа е нормална пракса во секое демократско општество, нешто што беше незамисливо во периодот 2006-2016. Сепак, сметам дека одењето во крајност и заради сензационализам создавање атмосфера на “лов на вештерки”, во кој секој кој имал било каков контакт со првоосомничениот однапред да се става на “клада” и по автоматизам да се смета за соучесник во криминал, не оди во прилог на процесот за ревитализација на државата.

Едноставно, опозицијата може да се фаќа за сламка и да се надева дека може на граѓаните да им продава лажна теза дека сме исти или бетер од нив. Не, тоа не е точно и никогаш нема да стане точно. Во нивно време нивните функционери беа недопирливи, а денес никој од нас не е привилегиран, ниту било кој од нас се обидува да изврши влијание врз правосудните органи. Ворочем, граѓаните се уште многу добро ги помнат тешките гревови на ВМРО-ДПМНЕ. Следните избори тоа ќе го потврдат, сакале или не да ја прифатат таа за нив сурова реалност. Сакам да верувам дека со ова ќе ги запрам сите шпекулации со моето име, чест и углед. Се надевам дека нема да бидам принуден да се заштитам и себеси и моето семејство преку правните механизми кои ми стојат на располагање. Едноставно, тоа не мој стил! Јас сум политички “фајтер” секогаш подготвен за борба со аргументи.
Но, за мојата чесност и професионалност не правам компромис! Во политиката сум влегол со чист образ и без дамки, таков и ќе излезам!