23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Од клиничкиот центaр што го ветуваше ВМРО-ДПМНЕ останаа само лаги и тараби

ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да изгради нов, модерен клинички центар, а од нивните најави и бескрајни одложувања, од клинички центар остана само голема дупка оградена со тараби, велат од владејачкиот СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска јавно праша дали Зоран Заев се подготвува за најголемиот грабеж во историјата на независна Македонија со задолжувањето пред комерцијалните банки за изградбата на новиот клинички центар.

Од СДСМ велат дека новиот клинички центар е најголема гринфилд-инвестиција во македонското здравство за што се обезбедени 500 милиони евра.

„Конечно по повеќе од 80 години, Скопје добива нов, модерен клинички центар, кој ќе се гради на територија на општина Ѓорче Петров. Истовремено, Владата предводена од СДСМ постојано инвестира во унапредување на здравството, условите за работа на лекарите и грижа за пациентите“, се наведува во партиското соопшение.

Во него се додава дека со реформите во здравството кои ги прави владата се враќа достоинството на медицинските работници, се обезбедуваат подобри услови за пациентите и се мотивираат квалитетните медицински кадри да останат во земјава.