Centar.mk
БИЗНИС

Работите одат на подобро: Поевтинува парното за скопјани

Вкупниот трошок за топлинска енергија за потрошувачите на БЕГ се намалува 6 отсто, за потрошувачите на „ЕЛЕМ енергетика“ во општина Гази Баба 13,5 отсто, а во Скопје Север 12 отсто. Од денеска, 1 август, вкупниот трошок за топлинска енергија за потрошувачите на БЕГ, кој воедно е и најголемиот снабдувач на топлинска енергија, се намалува 6 отсто. Тоа значи дека сметката за парно на БЕГ ќе се намали од 150 до 220 денари во зависност од висината на сметката.

Од СДСМ велат на годишно ниво тоа е над 2.000 денари заштеда во секое домаќинство што се грее на парно.

„Кога Владата предовдена од СДСM донесе одлука за намалување на ДДВ за топлинска енергија од 18 на 5 отсто, се овозможи и намалување на вкупните трошоци на потрошувачите на парно од 6 отсто. Оваа одлука овозможува и поголема енергетска ефикасност, односно помала емисија на јагледроден диоксид како дел од мерките од планот за чист воздух“, појаснува СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК