23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ПОЦ: Од 9 август 250 денари за час паркирање на затвореното пракиралиште „Дом на Градежници“

На барање на жителите на Градски ѕид кои живеат во опфатот на затвореното паркиралиште „Дом на градежници“, Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје (ПОЦ) го промени начинот на организирање и наплата на паркиралиштето, со цел да се реши проблемот со паркирањето и да им се овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните живеалишта и донесе одлука цената за парикрање за еден час да изнесува 250 денари.

Своите барања до ЈП Паркинзи на Општина Центар, жителите ги доставија во форма на петиција во која се наведени предлог итни мерки за решавање на проблемот со паркирањето со кој секојдневно се соочуваат.

– ЈП ПОЦ ги прифати предлог мерките на граѓаните и од 9 август цената за паркинг за еден час на затвореното паркиралиште „Дом на градежници“ ќе изнесува 250 денари. Воедно ќе се редуцира бројот на часови на гостинската карта (м-карта) на 2 часа, по 17:00 часот неограничено, ќе се воведе систем за препознавање на регистарски таблички и ќе се отстранат постоечките картички. Исто така, ќе се ограничи пристапот на комбињата за дотур на роба, односно ќе им се овозможи бесплатен пристап од 5:00 до 7:00 часот, во спротивно ќе ја плаќаат редовната цена за паркинг за еден час, прецизираат од ПОЦ.

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски посочи дека во изминатите неколку месеци имале повеќе средби со куќните совети на станбените единици во опфатот на паркиралиштето „Дом на градежници“ и заеднички нбарале решенија како да се реши паркирањето на ова паркиралиште.

-Жителите доставија до нас петиција со разумни мерки, ние ја разгледавме и ја усвоивме таа петиција. Веруваме дека овие мерки значително ќе помогнат во решавање на проблемот со паркирањето, ќе придонесат да се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето и ќе им овозможат на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните домови“, изјави директорот Кичевски.

Одлуката за усвојување на Петицијата за решавање на проблемот со паркирањето на паркиралиштето „Дом на градежници“, донесена од Управниот одбор на ЈП Паркинзи на Општина Центар, беше изгласана на последната седница на Советот на Општина